ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Парламентарното мнозинство  е подготвено да гласа за измената на деловникот и без присуство и поддршка од опозицијата

Парламентарното мнозинство  е подготвено да гласа за измената на деловникот   и без присуство и поддршка од опозицијата. Од таму очекуваат дека до четврток,  пратениците од власта  кои биле во изолација или заразени, ќе се вратат во Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ не кажува дали ќе учествува или не на седницата на која ќе се расправа за измените на Деловникот.

Доколку се изгласаат измените, од ВМРО ДПМНЕ ќе ги оспорат пред Уставниот суд.

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Во меѓувреме, неофицијално, од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива дознаваме дека тие ќе учествуваат на седницата, но подготвуваат многу амандмани. Целта, според нив, е да се спречи усвојувањето на промените.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, предложи измена на Деловникот за работа на Собранието за да се овозможи „онлајн“ гласање за пратениците кои имаат одлука за изолација. Сè уште не е познато дали за ова ќе бидат потребни јавни набавки, колку ќе чинат, и колку време ќе трае постапката за спроведување, доколку измените бидат одобрени.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button