ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пациентите оздравеле од корона вирусот се подеднакво изложени на ризик повторно да се заразат

Пациентите оздравеле од корона вирусот се подеднакво изложени на ризик повторно да се заразат. Голем број граѓани на социјалните мрежи ги споделуваат своите искуства дека оние кои биле заразени во првиот бран пролетта, повторно есенва биле разболени од ковид 19. Инфектолозите велат дека антителата во крвта не се гаранција дека по неколку месеци повторно нема да имате симптоми на Сарс – Ков – 2.

„Или организмот не создал потребна количина или заштита од вирусот Срас – Ков – 2 или може да стане збор за мутиран вирус, кој ја сменил својата генетска основа. Навистина е рано да се зборува за тоа колку траат антителата, за да бидеме попрецизни, ние треба да направиме скенирање на ситуацијата и да видиме откако болеста ќе помине, колку од нашата популација остана заштитена од оваа болест“.

Од Министерството за здравство не даваат точна бројка за тоа колку случаи на повторување на инфекции се регистрирани во земјава. Праксата покажува дека новоинфицираните лица можат да имаат поголеми здравствени тешкотии со различни симптоми.

“„Последните податоци покажуваат дека пациентите кои се повторно инфицирани со корона вирусот имаат различни симптоми, оние кои првично биле на домашно лекување по втор пат може да страдаат повеќе и да завршат на Клиниката за инфективни болести во Скопје”.

Светската здравствена организација објави научно истражување спроведено од медицински персонал во Велика Британија кое покажало дека луѓето кои еднаш го победиле вирусот имаат помал ризик да се разболат повторно од ковид 19 во следните шест месеци.

Adnan Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button