ЗДРАВСТВО

Пациентите со бубрежни заболувања имаат проблеми со терапијата

Пациентите со бубрежни заболувања, покрај хемодијализата, која ја покрива фондот, дел од терапијата со таблети мора да ја платат приватно, бидејќи некои од лековите не се на позитивната листа. Оваа хронична болест од која боледува секој 10-ти човек во земјава, според нефролозите, е последица на дијабетесот и хипертензија. На хемодијализа има околу 1.500 пациенти . Директорката на Клиниката за нефрологија рече дека обезбедиле посебен фонд од 7 милиони денари годишно за покривање на некои од виталните лекови кои не се на позитивната листа.

На глобално ниво, истражувањата покажуваат дека околу 10% од возрасната популација ширум светот е погодена од бубрежни заболувања.

Затоа, различни организации велат дека се обидуваат да користат иновативни методи за да им помогнат на пациентите.

Според официјалните податоци, енормниот пораст на заболените од оваа болест е и поради пост-ковид-последиците, како несакани ефекти од корона вирусот .

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button