МАКЕДОНИЈА

Пациентите со цистична фиброза со месеци немаат лекарства

Дијана Горгиевска страда од цистична фиброза. Нејзината состојба се влошила во последните два месеца како резултат на недостиг на лековите што ја држат болеста под контрола. Флора Гаши е во уште полоша состојба. Воопшто не може да функционира без помош од респираторен апарат.

„Кислородот го носам 2 недели по ред. Цело време сум на кислород. Последните 3-4 дена сум многу болна, денеска ќе бидам хоспитализирана. Ниту можам да јадам ниту ништо, многу ослабев не можам да дишам. Имам уште една кутија со кислород дома со батерии, но не можам да работам ниту една активност. Можам само да јадам и да одам во тоалет. Без кислород не можам ниту да се истуширам. Кога го имав лекот, бев многу добро. Јадев, се движев слободно. Сега сум и многу слаба психички“; вели Флора Гаши, пациентка.

„Моето барање како родител е мојата ќерка да биде здрава и добра, да ѝ донесат лекови што е можно поскоро. Филипче ми вети дека ќе дадат сè од себе да донесат што е можно побрзо. Се надеваме ддека ќе донесат, секој родител ја дава својата душа за детето“, рече Африм Гаши, родител на „Флора“.

Министерот тврди дека има доцнења поради лекарски извештај во кој се гледа ефектот од лекот.

Пациентите со цистична фиброза го чекаат лекот наречен калидека. Оваа болест е генетско нарушување што предизвикува ненормално однесување на мукозните мембрани и потните жлезди. Оваа мукоза може да се акумулира во белите дробови и цревата и со текот на времето предизвикува трајно оштетување на тие органи.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button