ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Пазарот на пелети е стабилизиран, еве колку чини една вреќа

Пазарот на пелети е стабилизиран. Годинава има баланс меѓу понудата и побарувачката и цената на пелетите е намалена за околу 50 отсто, во однос на претходната година, вели претседателот на Здружението на увозници на пелети, Владимир Стојановски, кој подвлекува дека една вреќа пелети годинава може да се купи и за 260 денари.

Нерамнотежата меѓу понудата и побарувачката, доведе и до создавање на сив пазар, на кој одредени лица ги измамија граѓаните нудејќи им нереални цени за пазарот на пелети.

Прашан дали имаат информации дека одредени производители кои произведуваат пелети на црно, не ги почитуваат стандардите за производство, со што се загрозува здравјето на граѓаните бидејќи го загадува воздухот, Стојановски рече дека не стигнале до здружението такви информации, но и да ги има тие би биле изолирани случаи.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button