ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Петре Шилегов, сепак во игра за нов министер

Откако веќе ги комплетираше партиските тела, се очекува СДСМ, по празниците да го подготви списокот со нови министри во владиниот кабинет. Во рамките на социјалдемократите се споменуваат неколку имиња како можни носители на функции од првиот ешалон. Оливер Спасовски или ќе остане во МВР или ќе го замени Славјанка Петровска, чие име неофицијално се споменува во партиските органи. Но, МВР може да го добие и некој од коалиционите партнери, односно Демократскиот сојуз или ЛДП. Во Култура и труд и социјала нема предлог, а во земјоделство неофицијално се дознава дека ќе се врати Љупчо Николовски. За вицепремиер за европски прашања се очекува да биде предложен министерот за правда Бојан Маричиќ, а на неговото место сè уште не одлучено. Петре Шилегов неофицијално се очекува да биде министер за транспорт и врски.

Министерство за внатрешни работиОливер Спасовски / Славјанка Петровска
Министерство за одбранаКоалициони партнери
Министерство за култураНема предлог
Министерство за труд и социјална политикаНема предлог
Министерство за земјоделствоЉупчо Николовски
Министерство за правдаНема предлог
Министерство за транспорт и врскиПетре Шилегов
Вицепремиер за европски прашањаБојан Маричиќ

 

Во ДУИ ќе има промени само во еден ресор. Партијата на Ахмети ќе го води Министерството за образование, а за овој ресор ќе биде предложен актуелниот министер за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.

Алтернатива, пак, ги соопшти имињата на носителите на функциите. Беким Сали ќе биде предложен за министер за здравство, а Адмирим Халити за информатичко општество. Џамаил Чупи ќе биде министер без ресор – одговорен за дијаспората.

Беким Салиминистер за здравство
Адмирим Халитиминистер за информатичко општество
Џемаил Чупиминистер без ресор

Замениците-министри ќе бидат предложени по гласањето во Влада. Алтернатива веќе ги именуваше замениците-министри, додека ДУИ се очекува да го повлече заменик-министерот за здравство за да го надомести со второстепена функција во друг ресор.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button