ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мијалков на слобода, повторно ослободен од притвор

Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков новата 2022 година ќе ја дочека на слобода. Апелациониот суд денеска му го укина притворот во случајот „Плацови на Водно“. Судски извори за Алсат брифираат дека одлука денеска и воопшто ќе немало, ако еден од апелационите судии, Енвер Баџети, не се врател на работа, иако е на боледување.

„Според решението на Апелациониот суд, жалбата на обвинетиот се прифаќа, а првостепеното решение се преиначува така што притворот спрема
обвинетиот се укинува и се налужува истиот веднаш да биде пуштен да се
брани од слобода.“

Притворот на Мијалков за „Плацови на Водно“ му беше определен откако Апелација пред точно една недела му го укина затворскиот притвор во случајот „Трезор“ со дадена гаранција од 11 милиони евра. Според инфомации на Алсат од истражните органи, токму тие 11 милиони евра со кои Мијалков гарантира дека нема да избега, всушност биле под хипотека на банка, која прифатила имотот сега примарно да биде под хипотека на државата, односно Агенцијата за Катастар во случај Мијалков да избега. Извори за Алсат брифираат дека тој имот бил предмет на кривично дело и требало да биде замрзнат од страна на Обвинителството, но тоа било оневозможено, бидејќи имот кој е под банкарска хипотека не може да биде замрзнат во кривичен предмет.

Пред два дена адвокатите на Мијалков уверуваа дека тој ќе биде достапен.

„Ја уверуваме јавноста дека Мијалков нема намера да се даде во бегство…“

На Мијалков сега му важат други мерки на претпазливост. Тој ќе мора секоја недела да се пријавува во Кривичниот суд, а нема да може да ја напушта државата, бидејќи нема пасош. Мијалков беше во притвор од февруари, откако претходно енигматично исчезна, а кога се појави тврдеше дека имал симптоми на ковид.

Igor Stefanovski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button