ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Петрески: Раст на БДП ќе има само ако се стабилизира економијата

Буџетот за 2021 година кој вчера помина во собранието за прв пат има среднорочна рамка, или планирање на проекти подолги од една година. Втората работа која експертите ја посочуваат се проекциите врз кои е изграден буџетот за следната година. За економијата догодина да порасне над четири отсто, на колку што е проектиран буџетот потребно е граѓаните да се здобијат со колективен имунитет преку процесот на вакцинизација, со што економската активност би била на „здрави нозе“, вели за Алсат професотор Марјан Петрески.

„Во моментов сите чинители кои се занимаваат со проекции предвидуваат стапка на раст на БДП за следната година која што ќе се движи помеѓу четири и пет отсто. Но да забележам дека тоа се базира на една клучна претпоставка а тоа е дека ќе видиме стабилизирање на економската активност и почеток на враќање во норамала почнувајќи од вториот квартал, за да постигнеме некоја целосна стабилизација на економијата на почетокот на 2022 година“, рече проф. Петрески.

Од владеачката СДСМ велат дека опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вчера не успеала да го блокира носењето на буџетот за следната година. Социјалдемократите велат дека усвоени се 18 амандмани, предлози на опозицијата.

„Со Буџетот за 2021 година стимулираме нови инвестиции, поддршка на веќепосточеки компании, како и помош за отворање на нови работни места со што ја поттикнуваме конкурентноста и влијаеме на намалување на стапката на невработеност“, рече Јован Митрески, СДСМ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека проекцијата за државната каса во 2021 година е гломазна и нереална. Парите на граѓаните според нив се трошат непродуктивно и на неразвојни проекти.

„ Доколку го замислиме буџетот како 1000 денари, владата од него дава 127 денари за плати на јавната администрација. Осумдесет и шесет денари за набавка на стоки и разни услуги, 656 денари за сите трансфери кои ги спроведува владата, 38 денари за камати а само 23 денари одат за капитални инвестиции“, рече Гордана Димитриевска Кочовска, ВМРО-ДПМНЕ.

Владата догодина планира да собере околу три и пол милијарди евра, но во исто време да потроши на 4,1 милијарди евра. Буџетскиот дефицит е проектиран на ниво од без малку пет отсто.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button