ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Плевнелиев: Да се елиминира прашањето за македонско малцинство во Бугарија

Поранешниот бугарски претседател, Росен Плевнелиев, во анализа за бугарскиот весник „24 часа“ вели  дека раководството во Скопје не треба да очекува оти Бугарија „ќе се откаже од богатата историја под меѓународен пристисок“.

– Не е добар план премиерот Заев да продолжува да настојува за македонско малцинство во Бугарија, бидејќи тоа никогаш не постоело. Во Скопје се загрижени дека Бугарија нема да го признае нивниот идентитет и јазик. Тоа не е вистина, пишува поранешниот бугарски претседател, пренесе МИА.

Тој вели дека односите меѓy Софија и Скопје треба итно да деескалираат со одлучен чекор направен од двете страни. Според него, доброто сценарио е македонскиот премиер Заев да почне длабоки реформи, воведувајќи ги европските вредности и принципи во политиката, институциите, учебниците, тајните служби, општеството и пристапот кон историјата. Плевнелиев е дециден дека ќе биде добар чекор доколку Заев и Борисов продолжат да разговараат и да прават компромиси.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button