СПОРТФУДБАЛ

По победата против Косово, Македонија обезбеди учество во финалето на Лигата на нациите

Репрезентацијата на Македонија со победата против Косово од 2-1 е чекор поблизу до пласман на ЕП 2021 година. Последна пречка е Грузија, на 12 ноември, а селекторот Игор Ангеловски смета дека има доволно време да се подготвиме за овој историски предизвик.

Елиминацијата од Македонија за Косово беше голем удар и им згасна сонот за Европското првенство. Медиумите жестоко го нападнаа селекторот Шаланд.

„Тренерот ја презема одговорноста за резултатот и јас ја преземам оваа одговорност. Дали ќе поднесам оставка? Зошто да направам такво нешто? Игравме лошо против Грција и Македонија, но мора да разберете дека не сме Германија или Франција, не поднесувам оставка затоа што ѝ припаѓам на оваа земја. Македонија беше поквалитетна, поагресивна и мора да го прифатиме поразот“, рече Бернард Шаланд, селектор на Косово.

Најголемиот притисок на овој натпревар беше врз фудбалерите Албанци од редовите на Македонија, Барди, Адем, Алиоски и Муслиу.

“Фудбалот е почит за мене и ако Косово победеше ќе се чувствував многу горд и ќе бев многу среќен. Сакам сите играчи да се радуваат за нас фудбалот во крајна линија е спорт на кој треба да му се радуваме едни за други и на крајот на краиштата, ние сме исти“, изјави  Енис Барди, Играч за врска.

“Не е лесно за нас да играме против наши, но пред се ова е спорт, ние сме професионалци и знаеме дека животот продолжува и по овој натпревар“, рече Висар Муслиу, бек на Македонија.

Прославата на фудбалерите на Македонија продолжи на улиците на главниот град каде Стефан Ристовски беше во главна улога.

Репрезентативците денеска имаа слободен ден, а утре патуваат за Талин, каде в недела во 18 часот ќе играат против Естонија.

Махир Тачи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button