ВЕСТИРЕГИОН

По три неуспешни обиди за собирање кворум, затворена седницата на бугарското Собрание за избор на претседател

Националното собрание на Бугарија во три обиди не успеа да собере кворум за денешната седница која  требаше да започне во 09.00 часот, а на чиј дневен ред е избор на в.д. претседател на Собранието. Причина за немањето кворум е што не се пријавија пратениците од ГЕРБ, МРФ, ИТН и Преродба.

За време на паузата, лидерот на „Вазраждане“ Костадин Костадинов рече дека партиските пратеници нема да влезат во салата. Тие инсистираат прво да се изгласа недоверба на кабинетот на Петков. Според процедурата, тоа треба да се случи до 19.10 часот – точно 24 часа по завршувањето на вчерашната дебата.

„Не исклучувам дека денеска нема да се одржи собраниска седница“, изјави копретседателот на „Демократска Бугарија“, Атанас Атанасов.

Следната редовна седница на Собранието ќе се одржи во четврток во 09.00 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button