ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почна дебатата во Собранието за ребалансот на буџетот

Пратениците ја започнаа расправата за дополнителниот предлог ребаланс на буџетот, која може да траe најмногу 5 дена. Министерот за финансии Фатмир Бесими пред пратениците го образложи ребалансот како непходен за финасирање на четвртиот сет економски мерки.

„Пред вас се наоѓа документ на кој чекаат многу засегнати граѓани и фирми да се усвои и да може да се ефектуира четвртиот пакет анкризни мерки за зачувување на работните места и ублажување на  ефектите од економската криза за најсегнатите категории од социјален аспект. “

За опозицијата овој ребаланс е непродуктивен, нема да ги даде посакуваните резултати, туку само дополнително ќе го зголеми долгот на државата кој и сега го надминува прагот од 60 осто на јавен долг.

„Македонија е и официјално високо задолжена земја според мастришкиот стандард и ја проби психолошката граница за задолженост од 60 осто на БДП, и сега нашата задолженост изнесува 60,3 осто, или во апсолутна бројка 6,5 милијарди евра“. ‘

Ова е второ прекројување на државната каса за годинава. На комисиската расправа се прифатија амандмани за финансиска подршка за деца без родители, мапирање на стратешки индустриски сектори, изградба на трет крак водоснабдителен систем во Липково и Мала Речица. Компаниите и граѓаните мерките од четвртиот сет економски мерки ќе ги чекаат откако ребалансот ќе биде изгласан со 61 глас за од страна на пратениците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button