ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почна пензионирањето на судиите и обвинителите

Почна пензионирањето на судиите и обвинителите

Десет јавни обвинители кои исполнија услов за старосна пензија ги добија одлуките за пензионирање еден ден по истекот на рокот за донесување на Законот за работни односи.

Откако гласањето не се случи, Владата не успеа да им го продолжи мандатот за уште три години. Сега други обвинители ќе треба да ги преземат случаите на нивните пензионирани колеги.

Овој сектор веќе се соочува со недостиг на кадар.

Денеска пак, во пензија заминаа и 42 судии. Опозицијата тврдеше дека власта настојуваше да им го продолжи работниот век на судиите и обвинителите кои се блиски до неа./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button