ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полека се олеснуваат условите за патување во странство

Германија ќе ја отстрани Македонија од црвената листа на ризични земји поради коронавирусот и веќе од утре, македонските граѓани ќе можат да патуваат во оваа земја. Доколку се влегува во Германија со автомобил, веќе нема да важат обврските за дигитална пријава на патувањето, да се поседува негативен ПЦР тест и карантин. За оние кои пристугнуваат со авион, ќе мора да имаат или потврда за негативен ПЦР тест, или потврда за прележан ковид или потврда за примени две вакцини пред стигнувањето. Но, Холандија се уште не ја впишува Македонија во листата на безбедни земји со низок ризик од ковид 19. Тоа е и причината зошто Македонците се спречени засега да патуваат во Амстердам и во третиот натпревар да ги бодрат фудбалерите на репрезентацијата на Европското првенство кое започна вчера. Во однос на земјите од регионот, за Албанија, Србија и Црна Гора нема никакви ковид процедури и на нивна територија може да се влезе само со лична карта. Во однос на Грција пак, остануваат мерките кои важеа и досега, односно една од следните три потврди – сертификат за вакцина, негативен ПЦР тест или потврда за прележан ковид 19. Паралелно, оние кои патуваат кај јужниот совет треба да пополнат и ПЛФ документ најмалку еден ден пред влезот на грчка територија. За влез во Хрватска, Турција и Бугарија пак, потребна е потврда за вакцинација против ковид 19, со услов да се поминати две недели по примањето на втората доза. Друга опција е со негативен ПЦР направен 72 часа претходно или антиген тест 48 часа пред влезот или со документ за прележан ковид, но не постар од шест месеци.

Alsat

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button