МАКЕДОНИЈА

Политичарите со честитки за Денот на просветителите

На Денот на сесловенските просветители го одбележуваме епохалното дело на светите браќа Кирил и Методиј, благодарение на кое македонскиот народ, но и останатите словенски народи самоуверено зачекорија на светската цивилизациска сцена, вели премиерот Зоран Заев во честитката до верниците за денешниот празник.

„Водени од космополитските начела на Светите браќа и нивните ученици, кои спроведоа широка културна активност преку описменување на населението, превод на книги и формирање на книжевни школи, од кои особено е значајна нашата Светиклиментова охридска школа, да покажеме визионерство и преку употребата на алатките кои современата технологија ни ги нуди да се справиме со образовните предизвици на нашето време, напиша Заев во честитката.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вели дека е особено горд што ширењето на првото словенско писмо и просветителство почнува тука од Македонија.

„Горди сме и неизмерно сме им благодарни, затоа што со златни букви ја запишаа Македонија во европската и светската културна ризница. Имињата на Кирил и Методиј кај секој граѓанин во Македонија будат посебен пиетет, но и аманет дека не смееме да престанеме да веруваме и да се бориме под ова небо“ вели Мицкоски во неговата честитка.

Претседателот на Собранието Талат Џафери од свое име и од име на пратениците упати честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

„Работата и делата на светите браќа Кирил и Методиј се сметаат за придонес од огромно значење за светската наука и култура. Нивното наследство не се само нивните дела и работа туку и воспоставените вредностите според кои живееле и кои ги оставиле. Ви посакувам мудро и со почит кон нивниот лик и дело да го негувате тоа наследство“, порачува Џафери во честитката.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button