МАКЕДОНИЈА

Полицијата откри пет неисправни возила кои се користат за јавен превоз во Тетово

Пет неисправни возила кои се користат за јавен превоз на патници откри тетовската полицијата. За четири часа на подрачјето на СВР Тетово полицијата изврши проверка на 38 возила кои вршат јавен превоз на патници, најголем дел автобуси, комбиња, и откри пет прекршоци за технички и други недостатоци.

„Две возила биле со неисправни сопирачки, исто толку немале извршено технички преглед, а едно имало истечена регистрација. На прекршителите изготвени им се соодветни поднесоци, а 3 возила веднаш се исклучени од сообраќај. При контролата, исто така, санкционирани биле и 3 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-1), од кои 1 возило без потребните документи за вршење на јавен превоз“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button