ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пописот продолжува ДЗС апелира – Отворете ги вратите за попишувачите

Во вториот ден, процесот на попис на населението и домаќинствата продолжи непречено. Идентификувани се некои технички проблеми со интернетот, но се елиминирани со текот на времето. Заменик -директорот на Државниот завод за статистика, Илми Селами, ги повика граѓаните да бидат вклучени во процесот, упатувајќи пораки до дијаспората да се регистрираат електронски.

„Апелирам до граѓаните да ги примат попишувачите во своите домови. Да бидат уверени дека овој процес не одзема многу време и за краток период од околу 20 минути завршуваат работа од посебно значење за граѓаните и државата, но и во патриотски аспект“, рече Илми Селами, заменик -директор на ДЗС.

Бројот на попишувачи ,според премиерот Зоран Заев дава надеж за успешен статистички процес.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека полицијата ќе покаже нула толеранција за оние што го бојкотираат процесот. Спасовски се надева дека во текот на процесот нема да има потреба од полициска интервенција во однос на изрекување казни.

На првиот ден од процесот, регистрирани се над 91 илјади граѓани, 28.355 домаќинства и 37.404 станови. Попишувачите никаде не беа попречувани, ниту пак биле забележани технички проблеми. Пописот на населението трае до 30 септември.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button