ВЕСТИРЕГИОН

Порестриктивни мерки на Косово во наредните две недели

Следните две недели на граѓаните на Косово ќе им биде забрането да се движат помеѓу 22:00 часот навечер и 5:00 часот наутро, освен во итни случаи со цел да се спречи ширењето на вирусот корона. Покрај тоа, угостителските објекти во Косово ќе бидат затворени од 7 до 18 април. Во истиот период, забранета е работа на трговски центри, додека продавниците и аптеките ќе можат да работат.

Владата на Косово објави дека се воведуваат нови мерки поради сомневање за постоење на новиот вид коронавирус од Британија и Јужна Африка. Националниот институт за јавно здравје на Косово тестираше 147 примероци, од кои 97 проценти беа позитивни за британската варијанта на вирусот, додека јужноафриканскиот не беше регистриран.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button