ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Последниве 24 часа нагло зголемување на бројот на нови случаи во земјава, бројката надминува 1.000!

ИЈЗ го објави најновиот извештај за новозаболени со Ковид-19, каде што е соопштено дека во земјава има вкупно 1197 нови случаи.

Бројот е добиен по направени 7483 тестирања.

Како што се наведува во извештајот, најголем број од новозаболените, 766 се од Скопје.

Исто така, според овој извештај, регистрирани се 15 починати, а се соопштува дека оздравени се 331 лице.

Изутринава Институтот за јавно здравје објави статистика според која првите денови од новата година било забележано постепено намалување на бројот на новозаболени.

Засега нема официјална информација на што би можело да се должи наглото зголемување на бројот на новозаболени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button