СВЕТ

Повеќе од 40 земји бараат меѓународна истрага за смртта на Навални

Повеќе од 40 земји бараат меѓународна истрага за смртта на Навални

По смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, повеќе од 40 земји повикаа на меѓународна истрага.

Русија мора да дозволи „независна и транспарентна меѓународна истрага за неговата ненадејна смрт“, изјави евроамбасадорката Лоте Кундсен пред Советот за човекови права на ОН во име на 43 земји.

Поканата е испратена во име на сите 27 земји на ЕУ и 16 други земји, вклучително и Канада, Велика Британија, Соединетите Американски Држави и Украина, преку амбасадорката на Европската унија во Советот за човекови права на Обединетите нации во Женева, Лоте Кнудсен, пренесува Ројтерс.

„Ние сме огорчени од смртта на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, за која се одговорни рускиот претседател Владимир Путин и руските власти. Русија мора да дозволи независна и транспарентна меѓународна истрага за околностите на неговата ненадејна смрт“, рече Кнудсен.

Властите тврдат дека тој починал од природна смрт на 16 февруари во затвор во арктичкиот регион Џамал, но сè уште не се познати околностите за неговата смрт. По погребот, неговиот тим уште еднаш нагласи дека опозицијата, побегната во странство, ќе ја продолжи борбата против корупцијата на руските власти и политичкиот апарат на претседателот Владимир Путин.

Наследството на Навални ќе остане живо „се додека има милиони луѓе во Русија и во светот кои не се рамнодушни кон него. Затоа не смееме да се откажеме“, велат тие. На денот на погребот, во делови од земјата се одржаа настани, со десетици апсења.

Роднини, поддржувачи и активисти за човекови права го обвинуваат Путин дека го убил својот политички противник во затвор. Навални веќе ослабел поради претходното труење, а властите тврдат дека тој колабирал во затворскиот двор и дека обидите да го оживеат не успеале.

Кремљ ја отфрла одговорноста за неговата смрт, во пресрет на изборите од 15 до 17 март на кои се очекува Путин да го добие петтиот мандат на чело на Русија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button