ЕКОНОМИЈА

Повеќе од половина милион евра освои Х.М. од Тетово со најголемиот ВЛТ џекпот во Македонија

Х.М. од Тетово го освои најголемиот износ на џекпот во Македонија од ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА. Повеќе од половина милион евра или фантастични 32.185.186 е износот на НОВОГОДИШНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР кој Х.М го освои на 08.01.2024.

Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија со задоволство го дочека среќниот играч на видеолотариските терминали, кој го освои најголемиот ВЛТ џекпот во Македонија, највредната и најпосакувана добивка, НОВОГОДИШНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР.

Х.М. од Тетово освои над половина милион евра  на видеолотариските терминали кај нашиот деловен соработник  Делта Бет Моцарт во Тетово  во 20:10 часот на 08.01.2024. 40 Брнинг хот е играта која му донесе среќа и неверојатни 32.185.186 денари.  Во друштво со колега, со нас ја сподели својата среќна приказна.

Една недела пред да ја освои оваа фантастична добивка, подигнал кредит и купил плац, со цел да си изгради куќа. Утрото пред да му се случи среќниот момент, споделил со сопругата дека има некое претчувство, но дефинитивно, не ни претпоставувал дека ова вистински ќе му се случи. Заедно со неговиот чичко на 08.01.2024 уплатиле спортска прогноза и додека чекале, одлучил да си ја проба среќата на видеолотариските терминали.

Во моментот кога видел дека ја освоил најпосакуваната ВЛТ добивка, се израдувал гледајќи го износот. Играчот до него и вработениот кој ја валидизирал добивката, видно се возбудиле, дури и повеќе од нашиот среќен играч. Па и го прашувале, дали знае колку пари освоил. Нашиот среќен играч ја препознал вредноста на големата добивка, но и посакал да остане смирен. Со неверојатните 32.185.186 денари планира да си ги оствари своите соништа, да ја изгради куќата и да купи станови, открива Х.М. од Тетово.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #СуперМилионерЏекпот #МилионерЏекпот

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button