ВЕСТИРЕГИОН

Белградската изборна комисија го отфрли приговорот на опозицијата за изборите во главниот град

Градската изборна комисија на Белград го отфрли приговорот за изборите во главниот град кој го поднесе опозициската коалиција „Србија против насилството“ бидејќи наводно бил поднесен од неовластени лица.

Пратеничката Јелена Јериниќ од Зелено-левиот фронт, кој е дел од коалицијата „Србија против насилството“, најави жалба до Вишиот суд во врска со ова.

„Верувале или не, градската изборна комисија го отфрли приговорот на Србија против насилството за севкупниот извештај за изборните резултати во главниот град бидејќи Добрица Веселиновиќ и Владимир Обрадовиќ, кој е носител на листата и кандидат за градоначалник на Белград, не се овластени да го поднесат. На овој начин Комисијата избегна да одговори на приговорите поврзани со уредувањето на записниците за работата на изборните комисии што ги откривме“, објави пратеничката Јелена Јериниќ од Зелено-левиот фронт.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button