ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пожар пеплоса голем дел од трговскиот центар „Глобал“ во Струмица

Пожарот што избувна во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица предизвика голема материјална штета. Во гаснењето на пожарот што траеше повеќе од пет часа учествуваа 61 пожарникари и 18 противпожарни возила.

Освен пожарникари од Струмица, помогнаа и пожарникарите од Радовиш, Кавадарци, Штип и Валандово. Како што информираат од противпожарната единица Струмица, пожарот го пријавила чуварската служба во овој трговски центар. Првично, пожарот избувнал во делот каде што се испраќа стоката, за потоа да се прошири со голема брзина во другите делови од трговскиот центар.

„Имавме потешкотии, потешкотии поради застарените апарати. Брзо се трошат, ги немаме во доволен број, мора често да ги полниме. Ова предизвика потешкотии во гаснењето на пожарот внатре“, рече Александар Гудев, противпожарна служба Струмица.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, рече дека секоја материјална штета ќе биде надоместена.

„Најважно за мене е што немаме никаква загуба на живот, тоа е добро. Ќе се обидеме да ја надоместиме секоја материјална штета, го ветувам ова заедно со помош на премиерот Заев. Никој не може да планира вакви настани. Ќе ги чекаме проценките за штетите и причините за пожарот и потоа ќе започнеме со организацијата и соработката“, рече Јаневски.

Инаку, „Глобал“ на македонската јавности ѝ беше познат и поради тоа што во времето на владеењето на екс премиерот Никола Груевски и на ВМРО ДПМНЕ, поради наводни нерегуларности при изградбата на трговскиот центар, сегашниот премиер Зоран Заев, а тогашен градоначалник на Струмица заврши во притвор.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button