ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пратениците на ВМРО спречија почеток на седницата за Законот за државјанство

Пратениците започнаа со разгледување во второто читање на предлог-законот за државјанство, по конечниот договор меѓу владата и Алијанса за Алабнците и Алтернатива, со 10 заеднички амандмани да се коригира првичниот текст на предлог- законот. ВМРО-ДПМНЕ, сепак, ги продолжи обидите да го одложи усвојувањето на предлог-законот. Во Комисијата за одбрана и безбедност, пратениците од ВМРО ДПМНЕ првично приредија спектакл со процедурални говори.

Пратеникот Антонио Милошовски побара да има јавна расправа за овој предлог- закон, во кој ќе учествуваат повеќе институции и експерти. Пратеникот Скендер Реџепи, изјави дека овој предлог- закон има за цел да го реши деценискиот проблем на граѓаните и не треба да се политизира.

„Да не ги гледаме тие што имаат проблеми со национална припадност, да ги гледаме како граѓани за кои државата не смета дека се наши или дека припаѓаат на оваа држава, и во моментот кога ќе го решиме, ќе решиме неправда со меѓународни норми дека тоа им се случува на граѓаните… Овој состанок не треба да биде пролонгиран на кој било начин, бидејќи доцниме за да донесеме правна форма, како потреба за сите нашите граѓани”, рече Реџепи.

Против пролонгирање на законот беа и од ДУИ. Според пратеникот на ДУИ, Арбр Адеми, Собранието треба да се фокусира на амандманската расправа. Додека пратеникот на Движењето БЕСА, Фадил Зендели вели дека барањето на ВМРО- ДПМНЕ за јавна дебата е задоцнето.

„Ние сме во второ читање и барам конструктивност од сите парламентарни политички партии, особено од сите пратеници кои се денеска на оваа седница на оваа Комисија и да продолжиме понатаму“, рече Адеми.

„Добро е да се отвори дебатата за овие амандмани и да се дадат нашите мислења… Сметам дека не е време да се водат политички дебати, мислам дека сега овој предлог- закон има одредена историја, достигнавме одредена фаза каде треба да се дискутира“, рече Фадил Зендели, Беса.

Од друга страна, „Левица“ е целосно против овој закон. По бројни состаноци, власта и Алијанса и Алтернатива се согласија дека предлог-законот треба да биде усвоен, дополнет со 10 заеднички амандмани. Дел од овие измени и дополнувања се скратување на рокот за добивање државјанство, доставување документ со кој се докажува дека лицето престојувало во Македонија и обврската на тајните служби да одговорат на барателот на државјанството во рок од шест месеци.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button