ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Преговорите со Скопје и Тирана на дневен ред на Советот на ЕУ денеска

Во Брисел денеска се одржува редовниот Совет за општи работи на ЕУ, една од точките на дневен ред е проширувањето, посебно преговорите со Северна Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Гашпер Довжан, словенечкиот државен секретар за европски прашања и претседавач на денешниот состанок ја повтори поддршката на Словенија за што побрзо одржување на првата меѓувладина конференција со С.Македонија и Албанија.

Слична порака упати и германскиот државен секретар, Михаил Рот.

– Време е конечно да започнат пристапните преговори помеѓу ЕУ и Северна Македонија и Албанија, изјави Рот и побара билатералниот спор меѓу Скопје и Софија да биде решен на билатерално ниво, рече тој.

Хрватската државна секретарка, Андреја Метелко истакна дека за Хрватска проширувањето на ЕУ кон Западниот Балкан е висок приоритет.

– Ќе имаме важна дискусија за проширувањето. Хрватска поддржува кредибилна политика на проширување и им дава поддршка на сите шест земји од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ, за нас политиката на проширување е влог во безбедноста и стабилноста на цела ЕУ и Европа, изјави Метелко.

Министрите ќе разговараат и за низа други теми, пред сѐ здравствената криза, но и односите со Обединетото Кралство и владеењето на правото.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button