МАКЕДОНИЈА

Превезувале огревни дрва без потребната документација – приведени двајца дрвокрадци

Две лица се лишени од слобода бидејќи превезувале огревни дрва без потребната документација.

Имено, се работи за 50-годишник од Скопје и 48-годишник од с.Сарај, скопско. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека тие биле приведени рано утрово во 05.40 часот, во с.Црвена Вода, скопско, од страна на полициски службеници од Полициската станица Драчево.

-При преглед во товарно возило „мерцедес“, управувано од В.А. (50) од Скопје, во кое сопатник бил Н.Л. (48) од с.Сарај, скопско, биле пронајдени огревни дрва без потребната документација. Дрвата им биле одземени, а тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – се наведува во соопштението на МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button