ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Притвор за криминалец, баран со пет потерници, кај него пронајдени кокаин и фалсификувана исправа

Притвор за криминалец, баран со пет потерници, кај него пронајдени кокаин и фалсификувана исправа

Во близина на трговски центар на подрачјето на Центар вчера во 14.40 часот од страна на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје приведен е Д.Т.(35) од Скопје, кој се барал по пет распишани потерници за издржување казна затвор.

При преглед на патничкото возило кое го управувал, информираа денеска од МВР, биле пронајдени две пакувања кокаин. При проверката пак, лицето приложило лажна лична карта, наводно издадена од Р.Словенија, со негова фотографија, но на туѓо име со словенечка адреса на живеење.

– Д.Т. бил приведен во Полициска станица Центар и од страна на инспектори од Единицата за економски и компјутерски криминал било утврдено дека лажната лична карта ја набавил од лице од Косово во 2018, преку посредник од Шпанија, додека престојувал таму и ја користел за движење низ европските земји, а во Северна Македонија остварил илегален влез во 2020 година, појаснуваат од МВР.

По документирање на случајот од страна на СВР Скопје против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор и спроведен е во Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Скопје

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button