ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приведен криминалец баран по потерница

На 15.09.2021 во 17.45 часот во с.Возарци, кавадаречко, полициски службеници од Оперативен тим од потраги го лишиле од слобода Б.Џ.(34) од с.Инџиково, скопско, кој се барал по потерница од Основен Суд-Скопје 1 за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во Полициската станица Кавадарци за понатамошна постапка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button