ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Приведен скопјанец кој илегално одгледувал марихуана во својот дом
Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР – Скопје, утринава околу 09.15 часот го лишија од слобода 47-годишниот скопјанец С.С..
– При претрес, извршен со судска наредба, во неговиот дом, биле пронајдени и одземени марихуана, саксии со канабис, гранки со цвет од канабис и суви гранки од канабис, информираат од МВР.
Воедно, од МВР соопштија дека С.С. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.