ВЕСТИЗДРАВСТВО

Продолжува седницата на Анкетната комисија за случајот Онкологија

Собраниската Анкетна комисија за случувањата на Клиниката за радиотерапија и онкологија денеска треба да продолжи со работа со разгледување на акти и документи поврзани со скандалот во оваа клиника.

Членовите на Комисијата, пред неколку дена ги почнаа предвидените 30 дена за разгледување на документацијата и на последната седницата ја анализираа собраната документација и стенограмите од исказите на 60-тина сведоци кои беа сослушани во претходните 30 дена.

Според искажаното на последната седница, за пратениците од опозицијата  виновен е поранешниот министер за здравство Венко Филипче, кој, како што истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ, бил на врвот на пирамидата на криминалот. Додека, пак, за пратениците од власта, опозицијата го политизира случајот со Клиниката и без никакви докази се става во улога на судија и неосновано обвинува.

Александар Велјановски, заменик-претседател на Анкетната комисија за скандалот во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија го впери прстот во поранешниот министер за здравство Венко Филипче. Тој обвини за спрега меѓу Филипче, поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и веледрогеријата „Пановски“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button