ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Продолжува штрајкот во јавниот сектор, денеска протест на ССМ пред Министерството за финансии

Сојузот на синдикати на Македонија го реализира најавениот генерален штрајк во јавниот сектор барајќи линеарно зголемување на платите за 2.806 денари и враќање на правото за регрес на годишен одмор. Денеска, како што најавија од ССМ, во рамки на штрајкот ќе организираат протест пред Министерството за финансии.

Вчера ССМ организираше протестен собир пред зградата на Владата, во рамки на активностите од генералниот штрајк.

-Работникот дојде  по ветеното и своето, порача вчера претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Дарко Димовски, од собирот на членството на ССМ.

Тој ја повика Владата да се реши проблемот, преку амандман со ребалансот на Буџетот или со општиот колективен догвовор, укажувајќи дека за разлика од 1. Мај кога им ветиле повисока плата вчера никој не ги пречекал.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button