ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пронајден кокаин, приведен дилер на наплатната станица Сопот

Пронајден кокаин, приведен дилер на наплатната станица Сопот

На 17.06.2022 на наплатната станица Сопот на автопатот „Пријателство“, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во содејство со СВР Велес – Одделение за недозволена трговија со дрога го лишиле од слобода Д.Г.(19) од Кавадарци.
По претходно добиена судска наредба, било запрено возилото „фолксваген поло“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал и при личен претрес кај него биле пронајдени и одземени околу 100 грама кокаин и пари, соопштија од МВР.
Исто така, при претрес во неговиот дом во Кавадарци, извршен со судска наредба, биле пронајдени пари во различни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button