ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Протест на работниците против игнорантскиот однос од пратениците

Работниците се собраа пред зградата на ССМ. Со пароли и знамиња во рацете, насобраниот народ излезе на улица да им порача на политичарите дека повеќе нема да молчи. На празните улици прво се движеше возилото во озвучување од кое се слушаа револуционерни песни во кои се бараат права и слободи.
Од пред собранието работниците ги поздравија народните избраници со едно жестоко „УА“ поради како што велат игнорантскиот однос.

Синдикалците им порачаа на пратениците уште утре да ги изгласаат измените на Законот за работни односи.

„Во револт, денеска пред Собранието и пред пратениците, сакаме јасно да им кажеме дека ние сме тука и сме повеќе од 61, и дека по втор пат не може да не изигруваат, за законското решение недела неработен ден. 92 отсто од работниците денеска требаше да одмараме, а останатите осум отсто да земеме минимум 50 отсто зголемена дневница“, изјави Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Барањата ги доставија до пратеници од новото парламентарно мнзоинство. Доколку не ги исполнат, следува радикализација на протестите.

Од синдикалната зграда по главните улици работниците тргнаа кон законодавниот дом каде што треба да се сретнат со дел од пратениците за исполнување на нивните барања, но потоа тие се упатија и до Стопанската комора и Организацијата на работодавачи, дополнително да им кажат на стопанствениците дека потребно е подобрување на нивните работнички права.
Граѓаните кои излега на протестот велат дека тешко е денеска да се биде работник без права и вистински ценет труд.

„Мислам дека се злоупотребуваат правата на работниците, особено кај жените, прекувремена работа која не е соодветно платена…“

„Денеска сме собрани за платата, за недела неработен ден. Работникот многу придонесува за општеството им како таков треба да се цени…“

„Јас до лани бев работник, сега сум во пензија. Многу му е тешко на работникот во приватниот сектор, таму нема работно време, нема плати. Еве јас 20 години работев во фирма 20 години приватно. Осигуран на 20 илјади, другите пари кеш. Им кога отидов во пензија, ништо“, реагираат работниците.

Поддршка на работниците на протестот им дадоа и студенти, пензионери, незадоволни граѓани, и активисти за социјална правда. Освен недела неработен ден, синдикалците бараат и итно зголемување на минималната плата на 18 илјади денари и останати законски решенија за подобрување на условите во кои работат работниците и подобрување на нивниот стандард.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button