ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Студентите тврдат дека им се прави неправда во користењето на јавниот превоз

Студентите од приватните универзитети се чувствуваат дискриминирани кога станува збор за јавниот превоз во градот Скопје. Бесплатно им припаѓа само на студентите на државните универзитети. Како што велат тие, ова е неправедно бидејќи секој има месечни трошоци, без разлика каде студира.

„Се прави неправедна поделба, па иритирачки е кога се слуша дека се спроведува оваа поделба студентите кои студираат на приватните универзитети не можат да го искористат ова право. Јавниот превоз не е желба туку е неопходна потреба која мора да се исполни. Морав да плаќам месечна или годишна картичка со која се чувствував дискриминиран од институциите иако сум даночен обврзник како мојот колега кој студира на државните универзитети“, вели Абедин Исмаили, студент.

Студентот Ерен Али оценува дека месечниот билет од 1.050 денари, со симболичен попуст, сепак останува висок за овие студенти во однос на трошоците што ги имаат секој месец. Дури, според Али, недостатокот на бесплатен превоз ги ограничува студентите да учествуваат во различни активности.

„Точно е дека има попуст на сумата, симболична сума која ни е укината, но сепак не е доволна да ги покриеме сите трошоци бидејќи ние како студенти немаме приходи и не значи дека државата покрива или пак ни помага некако. Можам да нагласам и дека добиваме субвенции од државата за храна, но зошто да бидеме дискредитирани од делот на транспортот.Мислам дека ова треба да се разгледа и дефинитивно да се среди поскоро“, рече Ерен Али, студент.

Од Јавното претпријатие за Алсат изјавија дека нивната институција работи во согласност со одлуката на Владата и Град Скопје од 2015 година. Во меѓувреме, од Град Скопје одговорија дека ќе работат на обезбедување бесплатен јавен превоз за сите граѓани, почнувајќи од пензионерите, учениците од приватно средните училиште и студентите на приватни универзитети.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button