ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Народот излезе да даде поддршка на луѓето кои го бранеа Уставот

Со барање за „слобода на уставобранителите“ се одржа протестот нњ ВМРО-ДПМНЕ пред Владата а заврши пред Собранието.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека не е директно вклучена во организацијата, но даде поддршка на протестот и повика на барање правда, за како што велат, неправедно осудените за настаните од 27 април 2017 година.

“Протестот е практично одраз на целокупната состојба во општеството, народот е незадоволен. Народот денеска е излезен во поддршка на луѓето кои што го бранеа Уставот. Еден ден неправедно осуден човек е како цела вечност. Бидејќи имаме судска пракса за повторно отворање на случаи, не гледам причина зошто и овој случај да не се преотвори и луѓето од слобода да имаат втора шанса да се бранат и да ја докажат својата невиност”, рече Мицкоски. .

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button