ВЕСТИСВЕТ

Прво интервју на Алек Болдвин по трагедијата: Не го повлеков чкрапалото на пиштолот

Познатиот американски актер и продуцент Алек Болдвин тврди дека не го повлекол чкрапалото на пиштолот од којшто беше убиена снимателка, за време на филмски сет. Ова се дел од тврдењата во првото негово интервју по несреќното убиство, пренесува „USA Today“.

„Видете, чкрапалото не беше повлечено. Не го повлеков. Не, не и не. Никогаш не би вперил пиштол кон некого и не би го повлекол чкрапалото. Никогаш!“, изјави глумецот прашан од новинарот на „Еј-би-си“, Џорџ Стефанопулос.

Болдвин објаснил и дека не му е јасно како вистинскиот куршум се појавил на снимањето на филмот „’Рѓа“ на ранч во близина на Санта Фе. Снимателката Халина Хачинс беше убиена на снимањето на тој филм, а режисерот Џоел Суза беше ранет, откако, според очевидци, Болдвин испукал пробен истрел од пиштолот.

Засега против него не е покренато обвинение. Двајца членови на тимот отворија граѓанска тужба поврзана со несреќата, а продуцентот и некои други лица се товарат за невнимание.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button