ВЕСТИРЕГИОН

Радев ги продолжува консултациите за мандатот за новата бугарска Влада

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ги продолжува вчера започнатите консултации со претставниците на седумте пратенички групи пред да го врачи првиот мандат за формирање на идната бугарска влада. Тој вчера разговараше со четири од партиите во новиот бугарски Парламент, а за денеска се закажани уште три средби.

Веќе две недели „Промените продолжуваат“, партијата која победи на третите парламентарни избори годинава, преговара со уште три партии за коалициска влада. Бугарскиот претседател денеска ќе ги продолжи консултациите со претставниците на „Има таков народ“, „Демократска Бугарија“ и „Преродба“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button