МАКЕДОНИЈА

Раткоцери: Интернетот, моќно оружје во рацете на педофилите

Употребата на Интернет од страна на малолетници бара поголема контрола на веб-страниците во нашата земја, вели професорката Ведије Раткоцери во „Емисија 200“ на Алсат, оценувајќи дека според неа интернетот станал многу моќно оружје во рацете на педофилите. Раткоцери дури потенцираше дека во Албанија се затворени 1200 страници со порнографска содржина, а кај нас нема таква иницијатива од надлежните институции.

„Сега Интернетот стана многу моќно оружје во нивните раце. Педофилите во минатото малку потешко пристапуваа до децата, додека денес им е полесно затоа што секое дете е корисник на Интернет и за жал, често на неконтролиран начин, има пристап до социјалните мрежи“, рече Раткоцери.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button