РЕГИОН

Разбиен нарко-картел од Балканот, десетици приведени

Агенциите за спроведување на законот од осум европски земји разбија нарко-картел од Балканот, апсејќи 61 лице. За време на акцијата беа запленети повеќе од 2,6 тони кокаин. Дрогата била транспортирана во Европа од Јужна Америка преку Шпанија. Во меѓународната операција беа вклучени безбедносни агенции од Србија, Босна, Словенија, Хрватска, Шпанија, Германија, САД и Колумбија. Освен кокаинот, биле запленети и над 300 килограми марихуана, луксузни автомобили и речиси 700.000 долари во кеш.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button