СПОРТФОРМУЛА - 1

“Ред Бул” го претстави “РБ20”, со кој ќе ги брани титулите од лани

Актуелниот шампион во Формула 1, Ред Бул е последниот тим кој го претстави својот болид за новата сезона. И овој автомобил го носи името „RB20“, што е еволуција на минатогодишниот болид, кој беше најдобар во сезоната. Не само што другите тимови го копираа Ред Бул, туку и австрискиот тим „украде“ идеи од другите тимови за новиот болид.

На прв поглед, овогодинешниот болид има поголем преден дел, сите други тимови поврзале три елементи од предното крило со носот на болидот, додека четвртиот е одделен и го насочува воздухот под болидот и кон подот. Ред Бул ги поврза сите четири елементи и со тоа се издвои од конкуренцијата.

Што се однесува до страничните доводи, Ред Булl направи лизгалка што го насочува воздухот кон подот, додека капакот на моторот овојпат е широк и обликуван да формира канали кон задното крило. Во овој дел шампионскиот тим го ископира тимот на Мерцедес.

Задната суспензија не претрпе никакви промени, така што конфигурацијата на „пуш-роуд“ е задржана, а задното крило е засилено со еден столб каде што се наоѓа механизмот за активирање „ДРС“.

И оваа сезона за тимот на Ред Бул ќе вози истото дуо како и минатата година. Зад воланот на новиот болид на актуелниот шампион во Формула 1 ќе бидат Серхио Перез и трикратниот светски шампион Макс Ферстапен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button