СВЕТ

Рекорден број на смртни случаи во Бразил, болниците преполнети

Додека централните власти во Бразил и провинциите расправаат околу набавката на вакцините, државата бележи рекорден број смртни случаи од епидемијата. Единиците за интензивна нега се преполни и сè погласно и погласно се бараат најстроги превентивни мерки.

Во последните седум дена Бразил бележеше просечно околу 1.400 смртни случаи дневно поврзани со коронавирусот.

Новиот бран галопира во најголемата земја во Латинска Америка и нема индиции дека наскоро ќе се смири. Досега во Бразил се регистрирани 262.770 смртни случаи од пандемија.

Бранот веројатно бил активиран од варијантата П.1, која за прв пат е откриена во Амазон, оценуваат  експертите. Прелиминарната студија, објавена минатиот понеделник од Универзитетот во Оксфорд и Тропскиот институт на Универзитетот во Сао Паоло, укажува на тоа дека варијантата е 1,4 до 2,2 пати позаразна од оригиналната. Покрај тоа, се вели дека мутанот, именуван по Манаус, главниот град на провинцијата Амазон, постојано доведувал до обновување на инфекциите кај пациенти кои веќе биле излекувани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button