ЕКОНОМИЈА

Ревизија: Несоодветна контрола над концесинерите на минерални суровини

Државниот завод за ревизија го проверуваше искористувањето на минералните суровини и наплатата на надоместоци. Документот на ДЗР покажува несоодветна контрола над концесинерите што овозможува нерационално искористување на минералните суровини и помалку пари во буџетот. Од 2016 – та до 2020 – та година ревизорите откриле дека не се наплатени половина милион евра по основ на експлоатирани минерали. Во истиот период со задоцнување наплатени се 11 милиони евра, без да се пресемта затезна камата за доцнењето. Четворица концесионери биле предмет на анализа, а вршеле ископ надвор од дозволата на експлоатација. Министерството за економија имало забелешки за извештајот, но ниедна не е прифатена.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button