ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Револт од внукот на Мехмет Паша Дерала за негласањето на ДУИ

Револт од внукот на Мехмет Паша Дерала за негласањето на ДУИ

Внукот на Мехмет Паша Дерала, Берат Дерала, кој моментално живее во Тетово, го изразува својот револт од ДУИ што не гласале за предлогот во овој град да се основа Центар за култура со името на неговиот дедо „Мехмет Паша Дерала“.

„Со жалење ја примивме веста дека во градскиот совет на Тетово не помина основањето на Центарот за култура „Мехмет Паша Дерала. ДУИ згреши, не гласаше за основање. Овој чин е низок удар и доаѓа токму на 180-годишнината од раѓањето на Мехмет Паша Дерала, мојот дедо. Ние како семејство даваме целосна поддршка за целите на првиот човек на Тетово, Билал Касами да го овековечи името на нашиот дедо“, изјави Берат Дерала, внук на Мехмет Паша Дерала.

Берат Дерала, 80 години, живеел во САД повеќе од пет децении. Тој го изразува своето разочарување што и членовите на семејството Дерала им било одбиено државјанството.

„Семејството Дерала чекаше 30 години, но не е преземено ништо за враќање на државјанствата на Дерала. Куќата е одземена, а имотот е украден. Се надеваме дека ќе дојде промена за Албанците“, рече Берат Дерала, внук на Мехмет Паша Дерала.

Првиот човек на тетовскиот Совет, Бесар Дурмиши рече дека предлогот ќе биде вратен на гласање на последната седница од февруари, а од советниците ќе побара да го поддржат овој предлог.

„На последната седница не наиде на разбирање иако очекувавме да биде изгласан од советниците Албанци затоа што не очекуваме да го изгласаат советниците на ВМРО и СДСМ, но за жал тие се обединија и не го поддржаа. На крајот на февруари планираме да ги повикаме сите координатори на албанските партии и да побараме поддршка за формирање на оваа институција. Вреди да се напомене дека оваа институција ќе биде бесплатна и нема да има партиски именувања туку има врска со институција која ќе биде во служба на сите граѓани“, изјави Бесар Дурмиши – Претседател на Советот на општина Тетово.

Предлогот за формирање на Центарот за култура беше на седницата на советот на 31 јануари.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button