ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Резултати од пописот на населението, во март

Новинар: Адријан Керими

Резултатите од пописот на населението, домаќинствата и становите во С. Македонија ќе бидат објавени во март.

Заводот за статистика ги вкрстува податоците со фактичката состојба во други институции. Заменик-директорот Илми Селами вели дека првично идејата била да се објави само бројот на жители, но законските одредби предвидуваат нешто друго.

„Работиме и со други институции на ажурирање на податоците што ги имаме. Се надевам дека до крајот на законски предвидениот рок целиот процес ќе заврши до крајот на март. Се надевам дека нема да оди до крајот на март и ќе ги објавиме порано. Не се работи само за податоци за населението, туку и за домаќинствата и становите. Првичната идеја беше да се обезбедат само податоци за населението, но законот предвидува податоците да се објават во целост“, изјави Илми Селами, Заменик-директор на ДЗС.

Потребно е повеќе време за ажурирање на податоците на граѓаните кои се евидентирани во дијаспората.

„Речиси сè е подготвено, само се врши проверка на податоците за да се ажурираат. Секој ‘центроид’, куќа или објект мора да се провери во катастарот дали постои и во која категорија е. Ако е регистриран од Германија како таков, мора да провериме дали е како што е наведено“, нагласи Илми Селами, Заменик-директор на ДЗС.

Пописот се реализираше од 5 до 30 септември минатата година. Од првичните податоци, според ДЗС, евидентирани биле 1.832.696 граѓани, 568.175 домаќинства, 837.255 станови, а во дијаспората се евидентирани 204.805 лица. Не се знае точниот број на лица кои не биле попишани, но Заводот за статистика смета дека се помалку од 10 илјади. Пописот се спроведе по цели 20 години, откако претходниот попис од 2011 година беше запрен поради неправилности. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button