СПОРТФУДБАЛ

Родриго заминува од Мадрид, со доаѓањето на Килијан Мбапе

Бразилецот Родриго би можел ова лето да го напушти Реал Мадрид по доаѓањето на Килијан Мбапе во нападот на „кралевите“.

Доаѓањето на Мбапе но и на Ендрик создава „мешаница“ во офанзивниот дел на тимот, поради што 23-годишниот бразилец најверојатно ќе биде тој кој ќе замине од клубот, на свое инсистирање. Феноменалниот напаѓач е премногу квалитетен за да седи на клупа и биде резерва на Мбапе, поради што планира прифаќање на некоја од серијата понуди за него.

Арсенал е силно заинтересиран за неговите услуги, но и Ливерпул го смета за вистински наследник на Мохамед Салах, кој заминува на крајот од сезоната. Наредниот период се очекува сериозна понуда од „Енфилд“ за Родриго.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button