ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ромски семејства во Скопје се жалат дека не им дошле попишувачи

По завршувањето на пописот, жители на главниот град, главно Роми, се жалат дека не биле посетени од страна на попишувачите.

Но, директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, вели дека попишувачите ги посетиле сите објекти, а за тврдењата на жителите, тој рече дека се невистинити. Симовски вели дека и луѓето што живеат во земјава, но немаат матични броеви, исто така се опфатени во вкупното население.

Симовски вели дека сите граѓани кои со вкрстувањето на податоците ќе се утврди дека живеат тука ќе бидат опфатени во вкупниот број граѓани. Меѓутоа, за оваа категорија граѓани прашањата за етничката припадност, религијата и мајчиниот јазик ќе останат неодговорени.

Граѓанското движење „Аваја“ преку соопштение за медиумите објави дека во многу градови во регионите населени со Роми имало неправилности за време на пописот. Според нив, во повеќето случаи припадници на ромската заедница биле принудувани да кажат дека припаѓаат на други етничка заедници или воопшто не ги посетил попишувач. Од ова движење велат дека честопати попишаните Роми дури и не биле прашувани за нивната етничка припадност, туку ги запишувале како дел од другите заедници во земјата. За време на пописот во земјава беа попишани вкупно 1 милион 832 илјади 696 жители и 204 илјади 805 иселеници во дијаспората.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button