ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пристигнаа руските вакцини! Баздникин: Подготвени сме да им помогнеме на македонските граѓани

Најавената количина руски вакцини пристигна на скопскиот аеродром. Станува збор за прва испорака од 3.000 дози од вакцината „Спутник Ве“, од вкупно договорената количина од 200.000 дози.

На аеродромот се присутни министерот за здравство, Венко Филипче и амбасадорот на Руската федерација во земјава, Сергеј Баздникин.

„Убеден сум дека ова ќе биде од големо значење за спасување на човечки животи и враќање на македонската економија на траекторијата на растот. Секогаш сме подготвени да им помогнеме на македонските граѓани со кои уживаме во вековните традиции, пријателство и заеднички вредности“, рече амбасадорот Баздникин.

Министерот Филипче рече дека вакцините ќе се чуваат во пунктот во поликлиниката Јане Сандански и оти сите 3.000 дози се прва вакцинална компонента, односно со нив ќе бидат вакцинирани 3.000 лица, а ревакциналната компонента дополнително ќе биде доставена во земјава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button