ВЕСТИЗДРАВСТВО

Сали: Засега во земјава нема регистрирано мајмунски сипаници, но подготвени сме ако се појават

Министерот за здравство, Беким Сали, рече дека засега во земјава нема регистрирано појава на мајмунски сипаници, додавајќи дека здравствениот систем е подготвен со се што е потребно во случај да се појават.

„Засега немаме забележано случај со мајмунски сипаници кај нас и да напоменам дека Институтот за јавно здравје располага со тестови за препознавање на таквиот вирус. Според државниот координатор за вакцинација, ќе имаме на располагање вакцини доколку се појави таков случај“, рече Сали.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button