ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Санкционирани 404 возачи за брзо возење

Санкционирани 404 возачи за брзо возење

МВР информира дека во текот на вчерашниот ден (05.08.2022), во спроведена засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија, биле санкционирани 404 возачи, кои се движеле со брзина поголема од дозволената.

Од нив 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 231 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 173 надвор од населено место.

“Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта”, велат од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button