ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сарацин: Германија ќе ја придружува Македонија на европскиот пат

Специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан Мануел Сарацин кој престојува во Скопје изјави дека Македонија е пред вратата на ЕУ која, како што додаде, сега била толку широко отворена колку што не била долго време.

„За мене е важно овој процес со Северна Македонија мора да се случи, тоа е во интерес на Северна Македонија и во интерес на ЕУ. Овој европски компромис според мене е шанса. Кога видов што стои во последниот документ бев зачуден, бидејќи видов дека е тој компромис во кој се земени предвид барањата на Владата на Северна Македонија. Еден компромис никогаш не е перфектен, но овој предвидува процесот на преговори да почне веднаш по неговото прифаќање без натамошни одложување и блокади“, рече тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button